Десетти пораз за Атланта

Од:

Најдобрата екипа од „Исток“ Атланта ноќеска загуби на гостувањето кај второпласираната екипа од „Запад“ Мемфис. Ова за „јастребите“ е 10.ти пораз сезонава.

Предводени од Мајк Конли кој постигна 21 поен, Мемфис славеше триумф со 94:88. Тој имаше добра помош од Марк Гасол (16 поени, 10 скокови) и Зак Рендолф (11 поени, 15 скокови). Најефикасен на натпреварот беше играчот на Атланта Џеф Тиг со 22 поена.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Оклахома Сити – ЛА Клиперс 131:108, Кливленд – ЛА Лејкерс 120:105, Шарлот – Индијана 102:103, Детроит – Минесота 101:112, Орландо – Чикаго 97:98, Хјустон – Портланд 98:109, Торонто – Сан Антонио 87:82 и Сакраменто – Феникс 85:83.

Пласман Источна конференција: Атланта 42-10 (победи-порази), Торонто 35-17, Чикаго 32-20, Вашингтон 32-20, Кливленд 32-21, Милвоки 28-23, Шарлот 22-29, Мајами 21-29,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 40-9, Мемфис 38-13, Хјустон 35-16, Портланд 35-17, Далас 35-18, ЛА Клиперс 33-19, Сан Аантонио 32-19, Феникс 29-24,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа