Дербито продолжи на Твитер

Од:

Лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал предизвика големо внимание, а фудбалски легенди сето тоа го споделија на Твитер.

Поранешниот играч на Арсенал, Патрик Виера објави на својот профил дека поразот е катастрофа за овој тим.

„Ова е катастрофа. Не унаказија во првото полувреме, среќа што не се случи истото и во второто полувреме“.

Гери Линакер пак беше одушевен од победата на домаќините.

„Голема победа за нас. Виљаш-Боаш покажа дека е голем тренер“.

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел објави на својот твитер профил дека е одушевен од Лорис.

„Што повеќе го гледам, тоа повеќе ми се допаѓа. Тоа момче ме воодушевува“.

Од активните играчи свои мислења дадоа Фердинанд и Компани.

„Се надевам дека се ќе биде во ред со Дембеле. Тој е многу важен играч за Тотенхем и за репрезентацијата“- напиша Компани.

Дефанзивецот на Манчестер пак го поддржа Пер Мертесакер.

„Напред Пер“!

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска