Дербито на „Олд Трафорд“ без победник

Од:

Дерби натпреварот на 37.коло од Премиер лигата што се одигра на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал заврши без победник 1:1.

Со овој резултат Арсенал ја задржа предноста од два бода во однос на денешниот ривал на табелата во пресрет на последното коло и со тоа има поголеми шанси да обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Андер Херера во 30.та минута, додека Арсенал изедначи со автоголот на Тајлер Блекет во 82.минута.

На вториот натпревар одигран денеска Свонси – Манчестер Сити 2:4.

Резултати од 37.коло на натпреварите одиграни вчера: Саутемптон – Астон Вила 6:1, Барнли – Стоук 0:0, КПР – Њукасл 2:1, Сандерленд – Лестер 0:0, Тотенхем – Хал 2:0, Вест Хем – Еверртон 1:2 и Ливерпул – Кристал Палас 1:3.

Утре се игра последниот натпревар од ова коло меѓу ВБА и Челзи.

Табела: Челзи 84 бодови, Манчестер Сити 76, Арсенал 71, Манчестер Јунајтед 69, Ливерпул 62, Тотенхем 61, Саутемптон 60,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска