Лидерот на табелата и шампион на Франција, Пари Сен Жермен синоќа оствари победа во дербито на 31.коло на Лига 1 совладувајќи го Олимпик Марсеј на гости со 3:2.
Домаќините водеа во два наврати со головите на Андре-Пјер Жињак, додека головите за ПСЖ ги постигнаа: Блез Матуиди, Маркињос и Жереми Морел (автогол).
Резултати од 31.коло: Монако – Сент Етиен 1:1, Генгамп – Олимпик Лион 1:3, Лил – Ремс 3:1, Лориен – Рен 0:3, Мец – Тулуз 3:2, Монпеље – Бастија 3:1, Ница – Евиан 2:2, Бордо – Ленс 2:1, Нант – Каен 1:2 и Олимпик Марсеј – ПСЖ 2:3.
Табела: ПСЖ 62 бода, Олимпик Лион 61, Олимпик Марсеј 57, Монако 54, Сент Етиен 53, Бордо 51, Монпеље 48,…