Дербито Ливерпул – Манчестер Јунајтед без голови

Од:

Големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши без голови 0-0.

Иако се очекуваше многу повеќе, пред се во напаѓачкиот дел од двата тима, сепак, дуелот на „Енфилд“ во поголемиот дел мина со тактички надмудрувања на средината од теренот, од двата тима.

Единствената голема можност за гол ја имаа домаќините во 35.минута, кога по центаршутот на Фирмино од левата страна Матип непречен од никого од само неколку метри не успеа да го совлада гостинскиот голман Де Хеа.

Попладнево ќе се играа уште шест натпревари: Барнли – Вест Хем, Кристал Палас – Челзи, Манчестер Сити – Стоук, Свонси – Хадерсфилд, Тотенхем – Бурнемунд (од 16 часот) и Вотфорд – Арсенал (18.30 часот).

За утре закажани се дуелите, Брајтон – Евертон и Саутемптон – Њукасл, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Лестер – ВБА.

Табела: Манчестер Јунајтед 20 бодови, Манчестер Сити 19, Тотенхем 14, Челзи 10, Арсенал 13, Ливерпул 13, Барнли 12, Ватфорд 12.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска