Во Серија А викендов на распоредот се натпреварите од 31.коло, а дерби дуели ќе се играат во Фиренца и во Рим.
Фиорентина утре ќе го пречека Милан, а во градското римско дерби в понеделник ќе играат Рома и Лацио.
Двојки за 31.от круг во Италијанското фудбалско првенство:
Денеска: Јувентус – Пескара и Болоња – Торино.
Утре: Фиорентина – Милан, Катанија – Каљари, Удинезе – Киево, Сампдорија – Палермо, Сиена – Парма, Интер – Аталанта и Наполи – Џенова.
Понеделник: Рома – Лацио.
Табела: Јувентус 68 бодови, Наполи 59, Милан 57, Фиорентина 51, Интер 50, Лацио 50, Рома 47,…