Депај: Никогаш нема да зажалам што се приклучив на Барселона

Од:

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај изјави дека не се сомнева во исправноста на неговата одлука да се пресели во каталонскиот клуб.

На новинарско прашање дали се кае за преселбата во Барселона, фудбалерот одговори:

– Како можеш да прашаш такво нешто? Секој знае за големината на овој клуб и што значи за фудбалер да дојде овде. Никогаш нема да се каам. Свесни сме за моменталната ситуација во Барселона. Сите се во паника, бидејќи ова е невообичаено за овој клуб. Тие се навикнати да победуваат и да прикажуваат прекрасен фудбал овде. Но, јас не сум загрижен и сигурен сум дека сè ќе се промени, истакна Депај.

Тој во Барселона дојде од Лион оваа година. Претходно има настапувано за Манчестер јунајтед и ПСВ Ајндховен.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска