Новиот германски шампион Баерн Минхен денеска ги демантираше пишувањата на медиумите во оваа земја за евентуален договор со напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски.
– Немаме потпишано никаков договор со Левандовски. Сите пишувања за некаква постигната согласност меѓу клубот и играчот околу негов двегодишен ангажман се невистини, стои во соопштението од Баерн.
Германските медиуми веќе со месеци пишуваат за можен трансфер на полскиот репрезентативец од Борусија во Баерн, иако тој има договор со бундеслигашот од Дортмунд до крајот на сезоната 2013/14.
Шпекулациите добија на интензитет по постигнатите четири голови на Левандовски на дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.