Деле Алли: Англија оди во Русија да го освои СП

Од:

Англискиот репрезентативец Деле Алли изјави дека тимот ќе биде разочаран од кое било место на претстојното Светското првенство во Русија, освен првото, објави „Скај Спортс“.

– Ќе одиме на Светското првенство за да го освоиме. Ова е нашата цел, па дури и второто место ќе не разочара. Мислам дека ни треба таков победнички дух, бидејќи не сакаме само да учествуваме на турнирот. Играчите совршено ги знаат квалитетите и талентот на овој состав. Ако секој од нас го покаже нашиот максимум, тогаш можеме да успееме, изјави Деле Али.

Англија ја освои светската титула само еднаш, во 1966 година.

На Светското првенство, Англичаните ќе играат во групата Г со репрезентациите на Тунис (18 јуни), Панама (24 јуни) и Белгија (28 јуни).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он