Дел Пиеровото збогување: Ви Благодарам за се

Од:

Легендата на Јувентус Алесандро Дел Пиеро се прости денеска од навивачите на Јувентус, каде што проведе 19 сезони.

На денот кога му истекува договорот тој објави отворено писмо до навивачети на клубот од Торино.

„Од утре веќе нема да бидам фудбалер на Јувентус, но секогаш ќе бидам еден од вас. Играчите поминуваат, но Јувентус останува. Им посакувам се најубаво на моите некогашни соиграчи“, вели во своето писмо популарниот Пинтурикио.

Уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, но рече дека за него „Почнува нова авантура и дека е возбуден како пред 19 години“.

Алесандро Дел Пиеро во Јувентус дојде 1992 година од Падова, одигра 702 натпревари и постигна 289 голови.

Со бјанконерите освои пет Скудета, Лигата на шампионите 1996 година, а навивачите посебно го ценат тоа што остана со Јувентус и во Серија Б.

 

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска