Дејвис одби да го обнови договорот со Лејкерс, но не размислува да си оди од Лос Анџелес

Од:

Корпулентниот центар на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, одби да го продолжи договорот со клубот за следната сезона.

Според НБА инсајдерот Крис Хејнс, играчот имал понуда од 28,7 милиони долари. Сепак, како што забележува Хејнс, сето тоа е направено со цел да се потпише нов максимален договор со „езерџиите“, а Дејвис не размислува да си оди од шампионскиот тим.

Дејвис забележа 26,1 поен, 9,3 скока, 3,2 асистенции, 1,5 украдени топки и 2,3 блокада по натпревар за сезоната 2019/20.

Тој во тандем со Леброн Џејмс беше најзаслужен за шампионскиот трофеј на Лејкерс.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски