Фудбалерите на Волфсбург го декласираа Баерн со 4:1 во натпреварот со кој започна вториот дел од сезоната во Бундеслигата.
„Волците“ со добро организирана игра и од контранапади целосно го растурија актуелниот првак. Баерн во првиот дел од сезоната на 17 натпревари прими само четири гола, а на стартот од пролетниот дел мрежата на Нојер се тресеше четири пати.
Првите два гола за Волфсбург ги постигна Бас Дост, потоа Де Брујне погоди за 3:0, Баерн успеа да намли со голот на Хуан Бернат, а Де Брујне од соло акција го постави конечниот резултат.
Поразот кај Волфзбург беше прв за Баерн оваа сезона.