Де Роси: Да го искористиме моментот

Од:

Играчот од средниот ред на Рома и италијански репрезентативец Даниеле Де Роси ги повика своите соиграчи на утрешниот реванш од „Копа Италија“ да го дадат својот максимум и да ја искористат слабата форма на противникот за да обезбедат финале.

– Интер се соочува со многу повредени играчи и се наоѓа во резултатска криза. Ова е одлична шанса за нас која мора по секоја цена да ја искористиме и да се пласираме во финалето. Но, во никој случај не тераб да го потцениме противникот затоа што тоа може скапо да не чини, истакна Де Роси.

На првиот полуфинален дуел одигран во Рим, Рома го победи Интер со 2:1. Реваншот е закажан за утревечер во Милано со почеток од 20 часот и 45 минути.

Победникот од оваа пресметка во финалето на 26 мај ќе игра против Лацио кој во полуфиналната рунда беше поуспешен од Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска