Играчот од средниот ред на Рома и италијански репрезентативец Даниеле Де Роси ги повика своите соиграчи на утрешниот реванш од „Копа Италија“ да го дадат својот максимум и да ја искористат слабата форма на противникот за да обезбедат финале.
– Интер се соочува со многу повредени играчи и се наоѓа во резултатска криза. Ова е одлична шанса за нас која мора по секоја цена да ја искористиме и да се пласираме во финалето. Но, во никој случај не тераб да го потцениме противникот затоа што тоа може скапо да не чини, истакна Де Роси.
На првиот полуфинален дуел одигран во Рим, Рома го победи Интер со 2:1. Реваншот е закажан за утревечер во Милано со почеток од 20 часот и 45 минути.
Победникот од оваа пресметка во финалето на 26 мај ќе игра против Лацио кој во полуфиналната рунда беше поуспешен од Јувентус.