Де Лихт откри зошто го избрал Јувентус

Од:

Матаис де Лихт веќе официјално е фудбалер на Јувентус, откако „бјанконерите“ се бореа цврсто за потписот на Холанѓанецот.

Централниот дефанзивец зборуваше пред клупската телевизија, објаснувајќи го својот избор.

– Се восхитуваам на тоа како играат во одбрана Италијанците. Донесов одлука врз основа на тоа. Многу од моите идоли се Италијанци: Барези, Малдини, Неста, Канаваро. Одлуката беше тешка. Имав многу опции, и мора секогаш да одлучам која е најдобрата за мене. Многу фактори влијаат на тоа. Важно е да знам колку ќе играм, каква доверба има клубот во мене. Јувентус ми кажа дека ме сакаат силно, рече талентираниот дефанзивец.

Тој потоа упати порака до својот поранешен клуб.

– Во Ајакс поминав 10 години во училиштето и три во првиот тим. За мене е емотивно да заминам. Доживеав убави и тажни моменти. Ќе ми недостасуваат сите во Амстердам, но сега морам да направам чекор напред, рече 19-годишниот Де Лихт

Би можело да ве интересира

Лукаку: Конте пред сите ми рече дека сум ѓубре

Ана Ололовска

Интер се договори со Тотенхем за Ериксен

Ана Ололовска

Ериксен го извести Леви за неговата намера да се пресели во Интер

Ана Ололовска

Наполи прв полуфиналист во италијанскиот куп

Ана Ололовска

Аталанта загуби од аутсајдерот СПАЛ

Ана Ололовска

Јанг минува прегледи во Интер

Ана Ололовска