Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во босанскиот напаѓач Един Џеко ја гледа правата алтернатива за најдобриот играч на „неполитанците“ Едисон Кавани.
Според пишувањата во италијанските медиуми, Кавани е на чекор од напуштање на Наполи по сериозната понуда што во клубот пристигнал од премиерлигашот Челзи.
За Де Лаурентис, Џеко со своите квалитети кои ги докажа низ настапите во дресот на БиХ во тековниот квалификациски циклус, достојно може да го замени Уругваецот.
Дали Џеко ќе биде новиот партнер на Горан Пандев во нападот на Наполи ќе зависи од евентуалниот трансефер на Кавани, а ќе се знае наскоро, по враќањето на Де Лаурентис од САД и започнувањето на преговорите со „сините“ од Лондон.