Де Геа го продолжи договорот со Јунајтед

Од:

Шпанскиот голман Давид Де Геа, официјално го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до јуни 2023 година.

Де Геа кој има 28 години, дојде во редовите на „црвените ѓаволи“ од Атлетико Мадрид во 2011 година и има 367 настапи. Најзначајни трофеи што ги освои му се Премиер лигата во сезоната 2012/2013, и Лига Европа во 2016/2017.

Во 2015 година, тој беше многу блиску до преселба во Реал Мадрид, но договорот пропадна поради ненавремено испратен факс во последните минути од преодниот рок. Преговорите околу овој нов договор траеја две години и конечно е договорено тој да остане на голот на Јунајтед уште најмалку четири години.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска