Де Бур ќе добие отказ ако не го победи Саутемптон

Од:

Тренерот на Интер, Франк де Бур ќе биде разрешен од функцијата ако не го победи Саутемптон вечерва во дуелот од фудбалската Лига на Европа.

Голем број на италијанските медиуми, меѓу кои и познатиот „Газета дело Спорт“ објавија дека кинеските сопствениците немаат повеќе трпение во Де Бур и евентуален нов кикс ќе значи негов крај на тренерското место во Интер.

Интер предводен од Де Бур лошо ја почна сезоната и се наоѓа дури на 11.место во Серија А додека во Лига Европа, додека во ЛЕ има два пораза по првите две кола, од Хапоел Бер Шева (0:2) и Спарта Прага (1:3).

Холандскиот тренер оваа година, непосредно пред почетокот на сезоната, дојде во Интер на местото на Роберт Манчини, кој поднесе оставка незадоволен од работата на клубот.

Натпреварот помеѓу Интер и Саутемптон игра вечерва од 19 часот во Милано.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска