Францускиот прволигаш Рен е заинтересиран за дефанзивецот на лондонскиот Арсенал, Давид Луиз, пренесува „РМЦ Спорт“.
Триесет и тригодишниот Бразилец не му пречи да се пресели во Франција, бидејќи Рен следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Во исто време, тренерот на Арсенал, Микел Артета веќе даде зелено светло да го продаде дефанзивецот.
Луиз се пресели во Арсенал од Челзи летото 2019 година, потпишувајќи едногодишен договор, кој го обнови ова лето за уште една година.
Минатата сезона фудбалерот одигра 33 натпревари за Арсенал, постигна два гола и направи една асистенција.