Дански клуб заинтересиран за македонскиот „министер за одбрана“ Борко Ристовски

Од:

Данскиот ракометен клуб „Колдинг“ е заинтересиран во своите редови да го доведе македонскиот репрезнтативен голман, Борко Ристевски. Лидерите на „Колдинг“ сметаат дека Ристовски би бил идеално засилување во битката за шампионската титула во данското првенство.

– Дознав дека клубот е сериозно заинтересиран за мој ангажман. Да бидам искрен, и самиот сум шокиран бидејќи не очекував ваков развој на настаните, па не можам да кажам ништо поконкретно во моментов. Мојот агент ќе треба да оствари средба со челниците на Колдинг, по што ќе се знае повеќе, изјави Ристовски за редакцијата на „Екипа“.

Македонскиот репрезентативец истакна дека посериозно размислува за останување во тимот на „Гумерсбах“, отколку на заминување.

– Разговарав со челниците на Гумерсбах и им соопштив дека доколку понудата не е енормно повисока од она што го имам според актуелниот договор, тогаш моја желба ќе биде да останам. И тие сакаат да ме задржат, но сепак ќе треба да почекаме да видиме каква ќе биде понудата на Колдинг. Не станува збор само за финансиите, конечно успеав да се вдомам во Германија, го научив јазикот, се адаптирав на стилот на живот и се чувствувам одлично, додаде Борко.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ