Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дани Алвеш, смета дека веќе фудбалот не се игра од љубов, туку исклучително за пари.
– Фудбалот го губи оној дух кој ме инспирираше да станам играч. Денешниот фудбал стана бизнис, истакна Алвеш.
Бразилскиот фудбалер наведува дека е среќен поради фактот дека неговите деца не се заинтересирани за фудбалот, бидејќи тоа станува работа и се помалку се ужива во него.
– Дојдов во Париз поради проект, бидејќи луѓето кои ме ангажираа веруваа во мене. Сепак ми се чини дека парите вложени за мојот ангажман да му помогнам на клубот да ги оствари целите, не одговараат на мојата реална вредност, потенцира 34-годишниот фудбалер.
Според Алвеш неговиот клупски колега и најскап фудбалер во светот Нејмар е незрел и не може да се носи со некои проблеми.
– Луѓето мислат дека Нејмар е марионета. Не, тој е само дете кое расте. Се уште е во процес на развој, не е созреан доволно да се носи со одредени проблеми. Што помалку важност ќе им придава на тие нешта, тоа подобро за него. Мора да се посвети на нешто друго. Нејмар мора да еволуира, нагласува бразилскиот фудбалер.
Алвеш смета дека во ПСЖ нема енергија која ги поврзува луѓето, недостига хемија и сето тоа се забележува на теренот.