Данецот Расмусен ново име во стручниот штаб на ЖРК Вардар

Од:

Данскиот тренер Ким Расмусен е ново име во стручниот штаб на ЖРК Вардар и ќе ја има улогата на помошник на Индира Кастратовиќ. Расмусен е селектор на женската репрезентација на Полска, а во стручниот штаб ќе го заземе местото на Владимир Вујовиќ, кој во ноември го напушти тимот. Со данскиот тренер е потпишан договор со траење од две години.

– Индира Кастратовиќ останува прв тренер заедно ќе ги подготвуваат тренинзите и стратегијата за натпреварите. Сметам дека со неговото доаѓање ќе има нови идеи и филозофијата на данскиот ракомет ќе донесе поголеми резултати, истакна Гордана Нацева, претседател на ЖРК Вардар.

Свое обраќање на денешната прес-конференција имаше и Расмусен.

– Наша цел е да го развиеме и унапредиме овој тим и да постигнеме поголеми резултати. Го следев Вардар изминативе две години, ќе работиме со Индира и ќе се консултираме. За да придонесам нешто мора тимот да го видим одблизу, рече Расмунсен.

Тој на клупата на Полска е од 2010 година, на СП 2013 година го освои 4.место, а на ЕП 2014 година 11-тото.

Женскиот тим на Вардар денеска ги продолжува подготовките за вториот дел од сезоната, а на 8 јануари тимот ќе замине на десетдневни подготовки во Унгарија.

Првиот натпревар од новата фаза во Лигата на шампионите ракометарките на ЖРК Вардар го играат на гости на 30 јануари против Лајпциг.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП