Дали милијардите потрошени за турнирот ќе му помогнат на Бразил, или со тоа само ќе се маскираат проблемите?

Од:

Седам со Зико и гледам како зрачи со оптимизам и животна радост, заради која во неговата земја тој е еден од најсаканите бразилски фудбалери на сите времиња. Без разлика што тој никогаш не го подигнал најпрестижниот трофеј – иако бил на три светски фудбалски купови, во 1978, 1982 и во 1986 година – овој човек му припаѓа на тимот кој предизвикуваше гласно „јого бонито“ и начинот на кој играше секогаш беше важен исто како Бразилците да победуваа.

Но на крајот на неговата приватна посета на Маракана – на исконскиот стадион во Рио Де Женеиро кој е обновен за Светскиот куп, и кој ќе биде центар на глобалното внимание – почитуваниот Бразилец одби да се открие. Го прашав Зико за неговата улога во неверојатниот пораз од 1981 од Ливерпул, кој тогаш беше најсилниот град во европскиот фудбал, кога ги вкрсти мечевите со неговиот тим Фиорентина од Рио на тој Интерконтинентален куп.

„Знаевме дека треба да победиме. Да, тие ја освоија Европа, но поразот никако не ни падна на ум“, рече тој за поразот од 3-0. Кога стнува збор за фудбалот – за играње или негово организирање – Бразилците имаат за себе претерано високо мислење. Изгледноста за посрамотување едноставно не доаѓа предвид.

И како што Бразилците веруваат дека ќе победат на турнирот кој се приближува – „Задоволни сме што сме петкратни шампиони и сигурно ќе бидеме и по шести пат“, ми рече генералот Убиратан Поти, командант на амазонската воена полиција при мојата еднонеделна посета пред турнирот на оваа огромна земја – тие веруваат дека се исто така способни и да го организираат турнирот.

Таквата самодоверба допрва ќе биде ставена на тест. Сега, на само неколку дена пред почетокот на Светскиот куп, два нови стадиони се уште немале тест натпревари и ги оставија за во последен миг, додека прашањата околу безбедноста и капацитетите на аеродромската инфраструктура за да се справат со 600.000 странски навивачи и три милиони Бразилци, а да не ги спомнуваме 32-та тима, продолжуваат морничаво да ги гонат организаторите. Посетата на Индепендент, на покана на бразилската влада, беше во Форталезе, Манаус и Рио, иако приказната сега почнува секаде да се одмотува.

Асошиетед прес објави дека цената на националниот стадион Мане Гаринча во Бразилија скоро тројно се покачила на 535 милиони фунти, најмногу заради наводните напумпани сметки, според извештајот од ревизијата на владата. Овој отскок во цената го направи втор најскап фудбалски стадион на светот (по Вембли), иако во градот нема голем професионален фудбалски тим. И никој во Бразил не е изненаден заради ова. Истражувачкиот новинар Јука Кфури, кој открил многу за ендемичната корупција во бразилскиот фудбал, зборува како транспарентноста и чистиот бизнис тешко можат да се совпаднат, затоа што Бразил од не толку одамна, пред само 29 години, премина од воената диктатура во демократија. Постои став во земјата на руба, маз фатаз (или грубо преведено: „Во ред е да се краде ако се завршат работите!“), вели Кфури.

Застрашувачките приказни кои ги опкружуваат големите спортски настани изгледа не го заобиколуваат и овој. Ерудитот и заменик министер за спорт во Бразил, Луис Фернандез, ми рече дека „кризата“ со Г4С (најголемата светска компанија за обезбедување) пред Олимписките игри 2102 во Лондон – кое изгледаше како апокалиптично безбедносно фијаско кое брзо исчезна кога почнаа игрите – открива колку злобните претпоставки за катастрофа можат да бидат неосновани. „Треба во контекст да ги ставиме проблемите за организацијата на Светскиот куп. Дека сето ова е се уште во тек, наместо дека нештата ќе се влошат“, ми рече Фернандез. Иако тој признава дека тесните грла на аеродромите можат да бидат проблем. Со 28 излези, терминалот на меѓународниот аеродром во Виракопос во државата Сао Паоло, вреден 534 милиони фунти, изгледа нема да биде завршен на време; ниту пак ќе бидат завршени реновирањата на аеродромите во Рио и Салвадор. А продолжуваат и протестите кои го привлекоа вниманието на медиумите за време на Купот на конфедерациите кој се одржа минатиот декември во Бразил.

Покрај наострените телевизиски новинари и нивните снимки од протестите, се поставува и прашањето кое треба да биде одговорено: и покрај сиот хаос и корупција која ги отсликуваат статусот на оваа земја како една од економски најброзорастечките држави во светот, дали Бразил ќе ожнее економска корист со која ќе се оправда организирањето на Светскиот куп. Фернандез го опишува западното известување за подготовките како сеирџиско, и тврди дека такво токму заради потребите на неговата земја за инфраструктурна надградба која е потребна за ефикасно организаирање на турнирот. „Ако луѓето немаат поширокоград став кон земјите кои брзо се развиваат, тогаш овие настани ќе се сметаат за забава за богатите луѓе“, вели тој. „Нема никакво оправдување за тоа од страна на брзорастечките земји“.

Тој смета дека маргинализираните граѓани не се заборавени во трката за слава – како поткрепа за тоа е фактот што претседателот Дилма Русеф раководи со социјалистичка админстрација која ја прошири „Сем мизерија“, државната програма против сиромаштијата која ја воведе нејзиниот претходник, Луиз Инасио Лула да Силва, во обид да се извлечат најслабите во земјата од сиромаштија. Од Институтот за истражувања при Фондацијата Гетулио Варгас, велат дека кредитните програми од државните банки за бизнисите – кои беа исто така воведени од социјалистите – сторија многу за да се подигне минималната плата во реални услови за 60 проценти, во изминативе девет години, во најсиромашниот североисток од земјата. Тоа е затоа што нивоата на невработеност се на историски најниско ниво, и затоа Русеф има големи шанси повторно да ги добие претседателските избори кои ќе се одржат во октомври.

Во крајбрежниот град Форталеза во североисточниот дел од земјата, има видливи докази дека Светскиот куп создава инфраструктура која таму со години не постоеше. Јазот помеѓу богатите и сиромашните во економска смисла го прави овој град петти најнеизедначен град на планетава, според еден извештај на Обединетите Нации, и дел од регионот каде една петтина од возрасните жители се неписмени, а половината живеат со помалку од 20 фунти на месец. Инвестицијата во стадион вреден 149 милиони фунти – наречен само Арена – можеби звучи апсурдно, иако градот кој се бори за свој економски идентитет и постепено да го развива својот туризам, има планови да го направи тоа што го постигна Манчестер кога ги организираше Игрите на комонвелтот (а потоа и се кандидираше за Олимписките игри) во својот сиромашен кварт пред 12 години, а денес прерасна во седиште на британскиот велосипедизам, како и на национални сквош, тенис и пливачки зданија. Спроти стадионот во ноември ќе се отвори огромен центар за спортски тренинзи за бразилскиот олимписки тим, каде земјата ќе се подготвува за Олимпијадата во 2016 година. Игрите во Манчестер беа катализатор долго очекуваните проекти да се зазвршат, а истото се случува и со градската метро линија која Форталеза ја чека веќе 14 години, но која конечно беше завршена минатата година.

Таквиот превоз му беше очајно потребен на градот. Улиците тука се толку задушени од сообраќај, што градот, како и другите градови кои се домаќини на натпреварите за Светскиот куп, ќе прогласат распуст за школите во деновите на мечевите само за да помогнат да се олесни задушувањето. Но битката да се изгради метро систем е потешка кога во случај како во Форталеза доцните со развојот. Шините делумно лежат на старите шини кои оригинално биле поставени за пренесување на памук, во времето кога памукот одеднаш станал многу баран за време на американската Граѓанска војна. Но нови километри од планираните шини се само распослани без никаков план во реони кои станаа густо и хаотично населени со колиби со сламени покриви.

Обезбедувањето земјиште со години се развлекуваше заради легални проблеми. „Повеќе од една деценија ни беше ветувана оваа линија, но со Светскиот куп конечно се беше забрзано“, вели Наташа Нуњез, аналитичар во локалното министерство за урбано планирање. „Сметаме дека со тоа ќе се забрза растот на градот, и дека тоа ќе овозможи и други луѓе да дојдат и работат тука“.

Докази за потребата од стимулации не е тешко да се најдат. Никој не гледа иронија во фактот што една од најсиромашните фавели (населби) локално е позната како „Маѓепсаниот замок“. Таму најцврстата градба е од бела цигла – ѕид изграден со цел да се одвратат пет илјади жители од населбата да не настрадаат кога одат преку шините кога одат кон рибниот пазар за да најдат работа.

Од голема помош може да биде и робустен даночен систем кој на градот ќе му обезбеди поголеми приходи кои се потребни за инфраструктурата. „Ако од даночните раеви (офшор банките) во Бразил биде вратено сето она што земјата го поседува, ние ќе бидеме богата земја“, рече Фернандо Араухо – трет човек кој за половина час даде ист коментар додека одеше кон дома по улиците задушени од сообраќај. Ефикасен даночен систем е една од формите за робустно управување со кое новата демократизирана економија сеуште се мачи, веќе цела деценија откако со победата на претседателските избори, левичарската Работничка партија на Лула му го даде на Бразил првиот лидер во 520 години старата историја на земјата, кој не припаѓа на етаблираната воена или социјална елита.

Вклучувањето на приватните бизниси е очигледно друг концепт кој се уште работи против кревките изданоци на новата демократија. Владата е лабава во однос на приватниот сектор да им додели да управуваат со аеродромите – и го покажува тоа воглавно преку операциите со набавките. „Од милост, државата им го даде стадионот Кастелао на управување на приватни бизниси, сега кога тој конечно е изграден. Тоа е единствениот начин да се искорени корупцијата“, вели еден државен службеник кој стоеше во близина на стадионот. Не сака да го наведеме со неговото име, но ги опишува истите бариери за развој кој се вртат во сите разговори кои ги водевме.

За корупцијата помалку се зборува во Манаус, кој е на три часа лет кон запад и во горниот дел на Амазон, каде тимот на Англија го започнува својот од на Светскиот куп против Италија на 14 јуни, а тоа е затоа што градот има своја постабилна економија. Тука сиромаштијата е помалку видлива. Уште едно море од сламени покриви се протега во близина на стадионот Арена Амазонија, иако повеќе сето тоа наликува на населба, отколку на сиромашен кварт.

Токму Англичаните дошле тука и почнале со плантажи на гума, кои го имале своето златно доба помеѓу 1890 и 1920 година, пред да го преселат истиот бизнис во Малезија, а Манаус останал клекнат на колена. Манаус се опоравил откако понудил ниски (од три до пет проценти) даноци за странските корпорации, што довело до пораст на приватните инвестиции и просперитет, и на крајот таму дошле и електронските џинови Самсунг, Панасоник и Џеј-Ви-Си, како и производителите на моторцикли Хонда, Јамаха и Харли Дејвидсон.

Добивањето на дел од фудбалскиот колач значи комерцијален успех за Манаус – и шанса за убедување на американските летувалци дека ова место, кое е одалечено само на четири часа лет од аеродромот во Хјустон, е добра алтернатива на Рио. Тоа е еден од малкуте агли на Бразил кој не може да каже дека е колевка на фудбалот.

Во убавата опера, која била изградена од увезени глазговски столбови во годините на гумениот бум, Роберто Брага, секретар за култура во Амазонас, зборува како либерал и ги брани правата на бразилското населние да излегуваат на улици за да протестираат и бараат, и дека Светскиот куп им дава шанса да се случне и нивниот глас. Заради тоа светот дозна за Бразил и за тамошните проблеми. „Ако ме прашате дали луѓето имаат недостиг од здравствени услуги и инфраструктура, ќе речам `да`“, изјави Брага. „Дали треба да го подобриме транспортот као што бараат тие? Да“. И вели дека последниот бил со окупирање на земјиште од страна на пет илјади граѓани на местото на новиот стадион Арена Коринтијанс во Сао Паоло, кои протестирале заради недостиг на земјиште за градење ефтини куќи – а не заради одлуката да се организира светскиот фудбалски куп.

Во однос на одлуката на владата да потроши 6,8 милијарди фунти за турнирот, тој прашува: „Дали мислите дека Јужна Африка ги реши сите проблеми пред Светскиот куп во 2012 година? Најверојатно не. Но, не сметате ли дека Светскиот куп и помогна на Јужна Африка да унапреди некои области? Некои од градовите кои се во Бразил домаќини на Светскиот куп веќе чувствуваат големи подобрувања во инфраструктурата. Не мислиме само на цената на чинење. За нас најважно е што ќе донесе инвестицијата – електрични автобуси, водоводи и градење куќи“.

Се разбира, не е секогаш лесно да се види сето тоа кога сте заглибен во голема сиромаштија во огромна земја која, како што Економист постојано тврди, ниското ниво на образование и макроекономска дисциплина наместо политиката за социјална помош го уназадуваат прогресот на земјата.  Ова патување кое го спонзорираше бразилската влада е со цел да се истакнат најдобрите моменти; но на само десет минути пеш од нашите домаќини и долж напуштената плажа Ипанема во Рио, во раните часови во четвртокот утрото, на вашиот дописник – придружен од двајца Американци и еден Германец – ни пријде група од петмина локални жители од кои барем еден беше вооружен со некаков стап, и ни бараа пари. Се случи мала закачка и тие избегаа. Искуството вели дека постојат многу закани поврзани со патувањето тука.

Се повеќето стории во врска со претераните трошоци за Светскиот куп го стврднува ставот во врска со турнирот – не во врска со самото органзирање, туку во однос на корупцијата која отсекогаш била во центарот на бразилскиот национален спорт. Подуените директори кои традиционално управуваат со бразилскиот фудбал се општо познати како „картолас“ (шешири-цилиндри), а обидите на Лула да воведе транспарентност во нивниот свет исто така претставува уште една долготрајна задача. Како што се интензивира трката за завршување на стадионите, така непочитувањето на светските стандарди за безбедност во градежништвото резултираа со осум смртни случаи – последниот на почетокот на месецов на стадионот Пантанал во Куаба, каде работник загина од електричен удар.

Владата може само да се надева дека освен бучавата во позадина, ќе надвладее чувството на редот на Фернандес. Транспортната инфраструктура си го добива својот облик. Во Манаус е завршена работата со обележаните линии само за автобуси на сите главни патишта помеѓ центарот на градот и Арената Амазонија. Приватните автомобили ќе бидат забранети за сообраќај во деновите на мечевите. Во Рио, рутата на брзата автобуска линија ТрансКариока, која ги поврзува меѓународниот аеродром со плажата Бара де Тихука, ќе биде завршена на време.

А потоа доаѓа фудбалот – компонентата за која сите имаат (нај)голем интерес – може да почне. Нема посликовит доказ за националното лудило отколку настанот од 16 јули 1960, последниот пат кога финалето на Светскиот куп беше одиграно на Маракана – како што повторно ќе биде на 13 јули годинава. Тогаш домаќините беа толку силно убедени дека ќе победат, што дента на утринското издание на дневниот весник О Мундо во Рио покрај логото на весникот стоеа и сликите на играчите во националниот тим. „Ова се светските шампиони“. Но Уругвај неочекувано победи со 2-1, и од тогаш бразилските новинари го опишуваат тој настан како бразилска „Хирошима“ или „Ватерло“. Зико раскажа одлична приказна како татко му Хозе Антунес Коимбра, никогаш повторно не стапнал на стадионот откако бил дел од 200-те илјадна публика на тој судбински ден. „Ако дошол на Маракана да ме гледа како играм, тогаш не сум го забележал“, се смешка Зико. „Во 1950 се одржал првиот Светски куп по војната – тоа бил поинаков Светски фудбалски куп и можеби првиот глобален настан по војната за кој Бразил бил избран да го организира, затоа што земјата имала репутација дека е одличен домаќин. Но трагедијата од војната беше трагедија за фудбалот и за сите нас…“

Исфрлете ја секоја помисла дека оваа земја научила нешто од таа грешка. На прашањето дали е тоа преголем товар за играчите на селекторот Луиз Фелипе Сколари, Зико одмавнува со главата. „Бразилците се научени на таква голема одговорност. Не сме подготвени да бидеме втори, туку само први. Шампиони. Сите фудбалери го знаат ова“, заклучува тој.

Што и да зборува остатокот од светот, Бразил верува дека ќе приреди забава која ќе се памети.

Индепендент – Лондон

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он