Црногорките остануваат во игра за полуфиналето на ЕП

Од:

Актуелниот шампион Црна Гора забележа значајна победа против Холандија на Европското женско ракометно првенство што се одржува во Унгарија и Хрватска, фаворитите забележаа победи.

Црногорките во првиот денешен натпревар од четврт-финалната група М2 одигран во Загреб, ја совладаа Холандија со 31:27 и го презедоа првото место на табелата.

Катерина Булатовиќ со 10 постигнати голови ја предводеше Црна Гора до оваа значајна победа со која остануваат во игра за едно од двете места кои носат пласман во полуфиналето.

И поразената Холандија останува во игра за полуфиналето, како и селекциите на Шведска и Франција кои ја имаат улогата на фаворити во вечерашните натпревари против Словачка и Германија.

Швеѓанките од 18 часот ќе го започнат дуелот против Словачка, а во вечерниот термин од 20.15 часот ќе играат Франција и Германија.

Досега само репрезентацијата на Норвешка обезбеди место во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ