Стеван Јоветиќ вреди 40 милиони евра. Барем така сметаат челните луѓе од Фиорентина.
Како што пишуваат италијанските медиуми клубот му понудил на Јоветиќ нов договор, според кој ќе има откупна клаузула од 40 милиони евреа.
Тоа би требало да ги спречи италијанските клубови, пред се Јувентус кој е заинтересиран за негово доведување.
Оваа цена се чини дека е преголема и за англиските клубови од кои Манчестер Сити исто така е заинтересиран, но Јоветиќ сака да остане во Серија А.