Кошаркарската репрезентација на Црна Гора е последниот учесник од групата А во осминафиналето на Евробаскет, а ќе игра против Германија. Црногорците ја совладаа Грузија со 73:81, и тоа среде Тбилиси.
Црна Гора го презеде водството од стартот ја заокружи првата четвртина со шест поени разлика (15:21). И на полувреме замина со идентична предност (35:41).
Игор Дрогбњак со 22 поени беше предводник на Црногорците, а Кендрик Пери дополни 17 кошеви.
Извор: Топспорт