Бундеслигашот Хамбургер одлучи на местото на отпуштениот Мирко Сломка, на тренерската позиција да го постави Јозеф Џо Цинбауер како привремено решение до конечната одлука за назначување нов тренер.
Цинбауер кој досега работеше во младинските тимови на Хамбургер, во Бундес лигата ќе дебитира в сабота на дуелот против актуелниот шампион Баерн Минхен.
Хамбургер по три одиграни кола во германскиот шампионат се наоѓа на дното на табелата со само еден освоен бод, а токму лошите резултати и слабите игри беа причината раководството да му додели отказ на досегашниот тренер Мирко Сломка.