Репрезентациите на Чиле и на Аргентина изборија пласман во полуфиналето на Копа Америка откако ноќеска постигнаа победи над Мексико односно Венецуела.
Селекцијата на Чиле која е актуелен шампион на Копа Америка со убедливи 7:0 го победи Мексико, а јунак на натпреварот беше Едуардо Варгас, кој постигна четири голови и сега со вкупно шест е прв на листата на стрелците. Два гола постигна Едисон Пух, а мрежата на Мексико ја затресе и Алексис Санчез.
Аргентина беше подобра од Венецуела со 4:1, а головите за „гаучосите“ ги постигнаа: Гонзало Игуаин (два) и Лионел Меси и Ерик Ламела по еден. Стрелец за Венецуела беше Саломон Рондон.
Во полуфиналето Аргентина ќе игра со домаќинот САД, додека во вториот дуел Чиле за ривал ќе ја има Колумбија.