Чикаго поуспешен од Кливленд

Од:

Екипата на Чикаго оствари победа на единствениот натпревар одигран ноќеска во НБА лигата, совладувајќи ја екипата на Кливленд со 113:98 (30:26, 25:22, 32:29, 26:21).

„Биковите“ ги добија сите четири четвртини, а беа предводени од Дерик Роуз , кој постигна 30 поени. Одлична помош имаше во Пау Гасол (18 поени, 10 скокови) и Јоаким Ноа (10 поени и 15 скокови), кои имаа „дабл-дабл“ учинок.

Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс од Кливленд со 31 поен. Ова за Кливленд беше втор пораз на последните 16 натпревари.

По овој триумф Чикаго малку ја зголеми предноста во однос на конкурентите во Источната конференција и сега има скор 34-20 (победи-порази) и се наоѓа на третата позиција. Вашингтон остана со 33-21 на четвртото место, додека Кливленд е петти со биланс 33-22.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа