Четири гола за Агуеро во триумфот на Манчестер Сити против Тотенхем

Од:

Англискиот шампион Манчестер Сити забележа убедлива победа над Тотенхем во попладневниот дуел со кој се отвори осмото премиерлигашко коло.

Јунак на натпреварот беше Серхио Агуеро, кој ги постигна сите погодоци за домашниот состав од кои два со удар од 11 метри. За гостите од Лондон единствено погоди Ериксен.

Уште шест натпревари од овој круг во Англиското фудбалско првенство се играат попладнево. Двојките се: Арсенал – Хал Сити, Барнли – Вест Хем, Кристал Палас – Челзи, Евертон – Астон Вила, Њукасл – Лестер и Саутемптон – Сандерленд.

Неделната програма ги нуди средбите: Квинс Парк Ренџерс – Ливерпул и Стоук – Свонси.

Последниот натпревар од оваа рунда ќе се одигра в понеделник кога се среќаваат Вест Бромвич Албион – Манчестер Јунајтед.

Табела: Челзи 19 бодови, Манчестер Сити 17, Саутемптон 13, Манчестер Јунајтед 11, Свонси 11, Тотенхем 11,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска