Челзи се зацврсти на врвот, Јунајтед со пресврт до бодовите на средбата со Мидлсброу

Од:

Лидерот во Англиското фудбалско првенство, екипата на Челзи оствари нова победа, откако попладнево го совлада Стоук во натпревар на кои гледачите на „Стемфорд Бриџ“ имаа можност да видат шест погодоци.

Потешко од очекувањата, со пресврт направен во последните пет-шест минути Манчестер Јунајтед освои три бода на дуелот со Мидлсброу.

Победа на свој терен забележа и актуелниот шампион Лестер.

Резултати на шесте завршени натпревари од 19.коло во Премиер лигата:

Свонси – Бурнемут 0:3,
Саутемптон – ВБА 1:2,
Манчестер Јунајтед – Мидлсброу 2:1,
Лестер – Вест Хем 1:0,
Челзи – Стоук 4:2 и
Барнли – Сандерленд 4:1.

Дербито на колото, воедно и последен премиерлигашки натпревар за 2016 година ќе се игра вечерва на „Енфилд“ каде од 18 часот и 30 минути Ливерпул е домаќин на Манчестер Сити.

На првиот ден на новата 2017 година, од 14:30 часот ќе играат Вотфорд – Тотенхем, додека дуелот Арсенал – Кристал Палас ќе започне во терминот од 17 часот.

Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 40, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 36, Евертон 27,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска