Челзи му понуди нов договор на Лампард

Од:

Раководството на Челзи потврди дека се почнати разговори со Френк Лампард за продолжување на неговиот договор.

Иако се шпекулираше за евентуално заминување на англискиот репрезентативец на крајот на сезоната, сепак ќе му биде понудено продолжување на соработката.

Лампард оваа година постигна десет голови во својата десетта последователна сезона во Премиер лигата. Вкупно 199 пати беше стрелец во дресот на лондонскиот клуб, за три помалку од рекордерот на клубот, Боби Тамблинг.

Џон Тери, капитенот на „сините“, неодамна му порача на Лампард да остане во Челзи, опишувајќи го како инспирација за секој играч во клубот.

И самиот Лампард во неколку наврати изјави дека сака кариерата да ја продолжи на „Стемфорд бриџ“ и дека тоа ќе биде патот за негово учество на Светското првенство 2014 година.

„Ако продолжам да играм во Челзи и да придонесувам во успесите на клубот, ако останам значаен дел од тимот, верувам дека ќе имам шанса да се појавам на Светското првенство во Бразил“ – изјави Лампард.

Лампард во 2001 година дојде на „Стемфорд бриџ“, кариерата ја почна во Вест хем, а сезоната 1995/96 ја помина на заем во Свонси.

За репрезентацијата на Англија дебитираше во 1999 година и досега одигра 94 натпревари и постигна 27 погодоци.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска