Челзи и Реал ремизираа, борбата за финале отворена пред реваншот

Од:

Патникот во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во пресметката меѓу Реал и Челзи остана отворено за реваншот во Лондон, откако двете екипи одиграа нерешено 1:1 вечерва во Мадрид.

Челзи прв го отвори резултатот преку Кристијан Пулишиќ, откако претходно Тимо Вернер пропушти колосална шанса да го донесе англискиот тим во водство.

Напаѓачот на Реал Карим Бензема во 23. минута ја погоди стативата, но Французинот беше прецизен шест минути израмнувајќи го резултатот на 1:1.

Второто полувреме беше сиромашно со шанси за гол и на двете страни, оставајќи го Челзи со предност пред реваншот поради постигнатиот гол во Мадрид.

Во второто полуфинале кое се игра утревечер, ПСЖ е домаќин на Манчестер сити.

Реванш натпреварите се играат на 4 и 5 мај, додека финалето на овогодишното издание на ЛШ е закажано за 29 идниот месец на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Челзи го враќа Тревор Чалоба од Кристал Палас