Екипите на Челзи и на Фенербахче остварија минимална предност од еден гол по првите полуфинални натпревари во фудбалската Лига Европа.
Челзи со 2:1 синоќа победи на гостувањето кај Базел со голот на Давид Луиз во судиското надополнување. Пред тоа „сините“ од Лондон поведоа во 12 минута преку Виктор Мозес, а швајцарскиот претставник изедначи во 87 минута со голот на Фабиан Шар од пенал.
Фенербахче во Истанбул со 1:0 ја победи Бенфика. Победоносниот гол го постигна Егемен Коркмаз во 72. минута.
Реваншите се закажани за 2 мај.