Челзи и Бенфика финалисти во Лига Европа

Од:

Екипите на Челзи и Бенфика ќе играат во финалето на второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување на „Стариот континент“ – Лигата на Европа.

Во ревнш-полуфиналниот дуел синоќа на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, Челзи со 3:1 го победи тимот на Базел и со вкупни 5:2 се избори за место во големото финале.

Иако, швајцарскиот претставник преку Мохамед Салах во 45+1.минута поведе со 1:0, сините од Лондон во вториот дел само за 10 минути направија пресврт и постигнаа три голови за убедлива победа.

Стрелци на головите за Челзи беа Фернандо Торес (50.минута), Виктор Мозес (52) и Давид Луиз (59).

На другата полуфинална пресметка беше понеизвесно. Бенфика успеаа да ја анулира предноста на Фенербахче од првиот дуел во Истанбул (1:0) и по синоќешната победа на домашен терен од 3:1 се пласира во завршницата на ЛЕ.

Николас Гаетан (9.минута) и Оскар Кардозо (35 и 66) погодија за португалската екипа, додека единствениот гол за Турците го постигна Дирк Кајт од пенал (23).

Финалето е закажано за 15 мај во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска