Челзи елиминиран од Свонси

Од:

Фаворитот Челзи нема да игра во финалето на Лига купот, откако е елиминиран од Свонси кој ја одбрани предноста од првиот дуел во Лондон кога победи со 2:0.

На реваншот одигран синоќа на теренот на Свонси немаше победник ниту постигнат гол, исход доволен за фудбалерите на Свонси за првпат да се пласираат во финалето од ова натпреварување.

Момент кој го одбележа овој дуел е исклучувањето на гостинскиот играч Еден Азар поради удирање на едно од момчињата кои ги собираат топките, поради задржување на време.

Во финалето закажано за 24 февруари во Лондон, противник на Свонси ќе биде четвртолигашот Братфорд Сити кој на патот до за нив историското прво финале, ги елиминираше премиерлигашите Виган, Арсенал и Астон Вила.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска