Чеферин: Нема да давам нереални ветувања

Од:

Новиот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин денеска изјави дека е голема чест да се биде на чело на таа организацијата, но истовремено е и голема одговорност. Тој се заблагодари за големата доверба од делегатите и порача дека нема да ветувам работи кои нема да може да се остварат.

– Не сум шоумен, немам проблем со егото и сигурно нема да давам нереални ветувања, истакна Чеферин по изборот за прв човек на УЕФА.

Тој денеска на Конгресот во Атина доби 42 од можните 55 гласа. Словенецот посочи дека не се согласува со неодамнешните промени во Лигата на шампионите каде се фаворизираат силните лиги и најави преиспитување на одлуката.

Кога станува збор за форматот на Европското првенство во 2020 година за кога се планира повеќе земји домаќини, идеја на неговиот претходник Мишел Платини, новиот претседател на УЕФА вели дека повторно ќе се разговара на таа тема.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана