Чави сака да биде тренер на Барселона

Од:

Легендата на Барселона од неговите фудбалски денови Чави Ернандес (41) изјави дека сака да се врати дома и да биде тренер на каталонскиот клуб, изразувајќи притоа надеж дека ќе биде постигнат договор за тоа со неговиот сегашен тим, катарскиот Ал Сад, јавија денеска британските медиуми.

Чави е тренер на Ал Сад од 2019 година и минатата сезона ја освои шампионска титула, а клубот под негово водство е непоразен во 36 првенствени натпревари во низа.

– Веќе со денови разговарам со Барселона и сè е подготвено. Двата клуба го знаат мојот став и се надевам дека работите набрзо ќе се решат. Сакам да се вратам дома. Враќањето во Барселона би било спектакуларно и возбудливо, изјави Чави.

Раководството на Ал Сад, меѓутоа, останува на ставот дека нема да му дозволи на Чави да замине, напоменувајќи дека клубот не може да се откаже од него во толку чувствителен момент во сезоната.

-Јас позитивно гледам на работите, клубовите комуницираат меѓу себе и мораат да постигнат договор. Во прашање е здравиот разум, додаде Чави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска