Чалханоглу суспендиран на четири месеци

Од:

Спортскиот арбитражен суд во Лозана го суспендираже играчот за врска на турската репрезентација и тимот на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу, на четири месеци, заради прекршување на договорот кој што го имал со Трабзонспор.

Трабзонспор го тужеше Чалханоглу во ФИФА, со тврдење дека, тогаш 17-годишниот, играч го прекршил договорот што го имале во 2011. година потпишувајќи за Карлсруе.

Турскиот репрезентативец тогаш играл за младинскиот тим на Карлсруе, но договорил трансфер во Трабзонспор. Меѓутоа, во меѓувреме се предомислил и првиот професионален договор го потпишал со германскиот тим.

По тужбата на турскиот тим, Фифа пресудила во корист на Трабзонспор, за потоа Чалханоглу да се жали до арбитражниот суд и да изгуби.

Заради суспензијата тој нема да има право да игра до крајот на оваа сезона, а ќе го пропушти и настапот на неговиот тим во осмина финалето од Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид.

„Ова е тежок удар за Хакан и за нашиот тим“ изјави спортскиот директор на Баер, Руди Фелер.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска