Чаланоглу го однесе Милан во полуфиналето на италијанскиот куп

Од:

Турскиот интернационалец во редовите на Милан, Хакан Чаланоглу е најзаслужниот за пласманот на „росо-нерите“ во полуфиналето на Купот на Италија. Чалаоноглу синоќа постигна два од четирите погодоци за Милан во победата над Торино со 4:2 извојувана по продолженија.

Најпрво Џакомо Бонавентура по само 12 минути игра му донесе водство на Милан. Торино изедначи преку Бразилецот Бремер во 34.минута, а истиот фудбалер во 71.минута им донесе предност на гостите. Чаланоглу во 90+1. минута гоо однесе натпреварот во продолженија. Во нив Милан постигна два гола, преку Чаланоглу и Златан Ибрахимовиќ за конечен триумф.

За место во финалето Милан ќе игра со Јувентус.

Во другото полуфинале од Копа Италија ќе играат Наполи и подобриот од дуелот Фиорентина – Интер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска