Цедевита и МЗТ Скопје на отворањето на 19. коло во АБА лигата

Од:

Со натпреварот кој ќе се игра попладнево во Загреб, а во кој македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на евролигашката екипа Цедевита, ќе биде отворено 19.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

Почетокот на натпреварот Цедевита – МЗТ Скопје е од 17 часот, а тоа е еден од трите натпревари кои ќе се играат денеска. Во преостанатите два ќе се сретнат: Металац – Унион Олимпија (19 часот) и Партизан – Игокеа (21).

По два натпревари од оваа рунда ќе се играат во недела и понеделник, а двојките се: Крка – Левски Софија,

Солнок – Цибона (сабота), Будуќност – Црвена звезда и Задар – Мега Лекс (понеделник).

Табела: Црвена звезда 18-0 (победи-порази), Будуќност 15-3, Цедевита 12-6, Партизан 11-7, Унион Олимпија 9-9, Задар 9-9, Цибона 9-9, Крка 8-10, Солнок 8-10, Металац 8-10, Мега Лекс 7-11, МЗТ Скопје Аеродром 6-12, Игокеа 5-13 и Левски Софија 1-17.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска