Бугарскиот кошаркарски интернационалец Чавдар Костов е нов играч на Работнички. Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб ја доби трката со Лукоил кој исто така беше заинтересиран за ангажирање на Костов.
Ова е второ засилување за Работнички, претходно тимот од Градски парк ја договори соработка за новата сезона со Бојан Крстевски.
29-годишниот Костов е висок 196 см. и игра на позициите два и три.
Во досегашната кариера Костов има настапувано за Левски Софија, Академик Софија, Кавала (Грција), Гуслинг Најтс (Австрија) и Кимис (Грција). Од 2008 година е член на бугарската репрезентација.