Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација и на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека ја чува мрежата на „Старата дама“ уште три години, потенцирајќи дека нема никаква намера за било каков изненадувачки трансфер.
„Останува во Јуве уште три години. Изненадувања по тоа прашање нема да има. Мислам дека слободно може да се каже дека нивото на игра ни е како европскиот шампион Челзи, против кого играме во ЛШ нагости во Лондон. Се надевам дека во следниов период ќе успеам да го освојам трофејот во елитната Лига на шампиони, кој цело време ми бега од раце“, изјави Буфон за „Ла Стампа“.