Буфон: Можам да играм уште 10 години

Од:

Голман Џанлуиџи Буфон, кој летово го напушти Јувентус за да го облече дресот на Париз Сен Жермен, вели дека би можел да игра уште 10 години.

– Во последните неколку години дознав дека би било погрешно да си поставувам граници. На 32 години мислев дека ќе застанам на 35. Потоа, некои околности ме натераа да продолжам. Пред извесно време реков: „38 години се доволни“.Но, на 38 години мислев дека ќе застанам на 40 години. Денес, сè уште сум тука. Можам да запрам за шест месеци, една година или 10 години, изјави Џиџи.

Тој додаде дека секој треба да знае како да ги прифати различните фази од својот живот.

– Знам дека ова време ќе дојде, но тоа нема да биде изненадување за мене. Исто така знам дека тогаш ќе биде поинаку, заклучи Италијанецот.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Горан Наумовски

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига