Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
– Одлучив да го напуштам Јувентус на крајот на сезоната. Договорот нема да биде продолжен. Или ќе ја завршам мојата кариера или ќе најдам друг тим. Мислам дека овде дадов сè. Циклусот во Јувентус заврши, изјави 43-годишниот Буфон за „beIN Sports“.
Голманот играше за Јувентус од 2001 до 2018 година. По една сезона помината во Пари Сен-Жермен, ветеранот се врати во тимот од Торино летото 2019 година.