Бруклин со триумф поблиску до плеј-офот

Од:

Кошаркарите на Бруклин ноќеска остварија значајна победа во борбата за пласман во плеј-офот. Тие пред своите навивачи го совладаа тимот на Индијана, еден од директните ривали за место во завршницата.

Најзаслужен за победата беше Брук Лопез со постигнати 24 поени и 11 скокови.

Бруклин сега се наоѓа на осмата позиција на „Исток“.

Водечките екипи во конференциите има различен учинок. Атланта загуби на гостувањето кај Детроит, а Голден Стејт постигна победа на теренот на ЛА Клиперс.

Резултати на ноќешните натпревари: Бруклин – Индијана 111:106, Детроит – Атланта 105:95, Мајами – Сан Антонио 81:95 и ЛА Клиперс – Голден Стејт 110:106.

Пласман Источна конференција: Атланта 56-19 (победи-порази), Кливленд 48-27, Чикаго 45-29, Торонто 44-30, Вашингтон 41-33, Милвоки 36-38, Мајами 34-40, Бруклин 33-40, Бостон 33-41, Индијана 32-42, Шарлот 31-42,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 61-13, Мемфис 51-24, Хјустон 50-24, Портланд 48-25, ЛА Клиперс 49-26, Сан Антонио 48-26, Далас 45-29, Оклахома Сити 42-32, Њу Орлеанс 39-34, Феникс 38-37,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа