Бруер го однесе Денвер до 14. победа по ред

Од:

Кори Бруер со шесте поени во последните секунди од дуелот со Филаделфија и донесе нова победа на екипата на Денвер. Ова беше 14.ти триумф во низа за Денвер и воедно го обезбедија плеј офот.

Бревер постигна 29 поени, а во последните 14.5 секунди најпрвин погоди „тројка“, а потоа реализираше три слободни фрлања и од 5 негатива (95:100), на својата екипа и донесе победа од 101:100.

На другите два натпревара од ноќешната програма: Чикаго – Портланд 89:99 и Сакраменто – Минесота 101:98.

Двојки за вечерва: Торонто – Њујорк, Орландо – Оклахома Сити, Индијана – Милвоки, Атланта – Портланд, Мајами – Детроит, Њу Орлеанс – Мемфис, Хјустон – Кливленд, Далас – Бостон, Сан Антонио – Јута, Феникс – Минесота и Лос Анџелес Лејкерс – Вашингтон.

Пласман Источна конференција: Мајами 53-14 (победи-порази), Индијана 42-26, Њујорк 40-26, Бруклин 40-28, Атланта 38-30, Чикаго 36-31, Бостон 36-31, Милвоки 34-33,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 52-16, Оклахома Сити 50-19, Мемфис 46-21, Лос Анџелес Клиперс 47-22, Денвер 48-22, Голден Стејт 39-31, Хјустон 37-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-33, Јута 34-34,..

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа