Тренерот на Металург, Данило Брестовац побара трпение за неговиот млад тим да почне да покажува резултати.
Металург вчеравечер во Лигата на шампионите загуби од Бешикташ со убедливи 30:22, иако по првото полувреме имаше негатива од само еден гол (13:14).
– Се чувствувам како некое мало дете што допрва вади млечни заби, но никако да ги извади. Имавме добри моменти на оваа средба, но и многу лоши моменти. Со младите мораме да бидеме трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца или тројца странци. Знам дека сакаме резултати, но мораме да бидеме трпеливи. Од тоа корист нема да има само Металург, туку и репрезентацијата, изјави Брестовац.
Следен натпревар на металурзите е во СЕХА лигата на 30 септември против Татран Прешов.