Фудбалерите на бразилската репрезентација ќе добијат по еден милион долари за победа на Светското првенство во Русија.
Оваа сума е пет пати поголема од онаа што членовите на тимот ја добија за титулата на турнирот во 2002 година.
Бразилската фудбалска конфедерација вети дека наградата во истиот износ ќе добијат и членови на стручниот штаб, ако „кариоките“ го освојат трофејот.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.
Бразил е во групата Е заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.