Бранителот на трофејот на Купот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром последен полуфиналист

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје како последни се пласираа во полуфиналето на Лимак Купот на Македонија што се одржува во Кавадарци. Во последното четвртфинале одиграно синоќа МЗТ Скопје Аеродром го победи Кожув од Гевгелија со 83:72. Бранителот на трофејот МЗТ Скопје победата ја обезбеди откако ја доби првата четвртина со 23:11. Најефикасни со по 24 поени беа Ѓорѓе Дреновац и Џош Скот од МЗТ Скопје.

На другите четвртфинални натпревари беа постигнати следниве резултати: Карпош Соколи – Вардар 92:84, Фени Индустри – Охрид 112:69 и Работнички – Куманово 87:81.

Во првото полуфинале денеска од 18 часот играат: Карпош Соколи – Работнички, додека во второто полуфинале од 20:30 часот домаќинот Фени Индустри за ривал го има МЗТ Скопје Аеродром.

Како најава на машките полуфинални дуели се натпреварите во женска конкуренција: Бадел – МНА Кожувчанка (почеток 13 часот) и Вардар – Пелистер (почеток 15:30 часот).

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он